Крводарителска акција на вработените во СВР Куманово

Во просториите на СВР Куманово во текот на вчерашниот ден од 09 до 15 часот беше реализирана редовна крводарителска акција за вработените во која се собрани 20 крвни единици. Оваа крводарителска акција како индивидуален одраз на хуманост и на солидарност е втора по ред од предвидените три за 2024 година, што полициските службеници ги реализираат согласно годишниот план за крводарителство на СВР Куманово. Со секоја крводарителска акција припадниците на полицијата придонесуваат и за афирмација и унапредување на крводарителството во МВР, се вели во соопштението.

Коментари

коментар(и)