Кумановец крадел од приватен имот

Дваесетгодишен кумановец бил приведен вчера под сомниние дека извршил кражба од приватен имот во Куманово. Како што информираат од полицијата, кумановецот се сомничи дека истиот ден на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово влегол на приватен имот и одзел предмети. Крадецот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија надлежните.

Коментари

коментар(и)