Кумановец „олеснет“ за двесте илјади денари заради биткоини

45 – годишен маж вчера пријавил во полицијата дека бил измамен од едно лице за сума од 200.000 денари.

Според пријавеното, претставувајќи се дека е од „агенција за биткоини“, лицето му кажало дека на неговата сметка има биткоини во вредност од 14.500 долари и му побарало да му го даде бројот од неговата трансакциска сметка за да му ги префрли доспеаните парични средства. Како што е пријавено, за да може да му ги префли парите требало да има 200.000 денари на сметката, а откако пријавителот подигнал брз кредит, парите му биле повлечени од сметката, но не добил надомест за биткоините.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

 

Коментари

коментар(и)