Кумановец осомничен за физички напад на малолетник
Полициски службеници од СВР Куманово вчеравечер околу 23 часот лишиле од слобода 20-годишен кумановец бидејќи на плоштадот „Нова Југославија“ физички нападнал малолетник и кај него е пронајден остар предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.