Кумановец под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода

Од дневниот билет на СВР Куманово ги издвојуваме настаните:

Полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово вчера лишиле од слобода 31- годишен кумановец. Според полицијата, на ул.„Теофан Економов“ во Куманово, тој со возилото кое што го управувал  „сеат леон“ удрил во мопед „хамачи“ и патничко возило „фолксваген голф“, а по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,85 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 31-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период следел и вознемирувал 27 – годишна девојка од Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

23-годишен кумановец пријавил во полицијата дека на плоштадот „Нова Југославија“ во Куманово бил физички нападнат од едно лице. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.