Кумановец претепан во Скопје

45-годишен кумановец бил претепан за време на викендот, во Скопје, од засега непознато лице. Во СВР Скопје, С.К.(45) од Куманово пријавил дека околу 12.20 часот на подрачјето на Општина Карпош, по претходна расправија, бил физички нападнат од едно лице, појаснуваат од МВР, од каде што наведоа дека работат на расчистување на случајот.