Кумановец пријавен за исчезнат

Од дневниот билтен на СВР Куманово ги издвојуваме следните настани:

Во СВР Куманово вчера било пријавено дека пред угостителски објект на улицата „11 Октомври“ , 22-годишен кумановец бил физички нападнат од повеќе лица. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од СВР Куманово викендов лишиле од слобода 29-годишен кумановец бидејќи на 28.06.2025 година, околу 20.00 часот, пред семејната куќа на 44-годишна жена во Куманово, пријавениот со нож и упатувал закани, откако претходно се обидела да го спречи лицето насилно да го отвори патничкото моторно возило „бмв“, сопственост на нејзиниот син. Пријавениот е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

На 29.06.2025 во СВР Куманово во 17.30 часот, Б.О. (61) од Куманово пријавил дека на 25.06.2025 година од домот се оддалечил неговиот син Е.О.(19) од Куманово, информират од полицијата. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.