Кумановец тешко повреден во сообраќајка во Ранковце

Две лица се повредени, од кои едно потешко, во собораќајка што викендов се случила во селото Ранковце.

Настанот се случил на патот кон Ранковце, кога товарно  возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ц.(28 години) од Куманово  излетало од патот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, во несреќата возачот М.Ц. се здобил со тешки телесни повреди, а сопатникот А.Ц.(20 години) од село Гиновци, Општина Ранковце со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Куманово.

Увид извршила увидна екипа на ОВР Крива Паланка.