Кумановец ќе одговара за физички напад

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 05.11.2025 во 02:00 часот полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 40-годишен кумановец, постапувајќи по претходна пријава дека во домот на неговата поранешна 33-годишна партнерка физички ги нападнал неа и нејзината мајка.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.