Куманово на норма, втора библ-победа во само 24 часа
Куманово во само два дена оствари две важни победи во БИБЛ-лигата. По триумфот над Теодо, македонскиот претставник во балканското натпреварување го совлада и Ибар на гости, и тоа со убедливи 66-82.
Со овој триумф кошаркарите на Куманово направи голем чекор кон обезбедување на позицијата која води во следната рунда, се искачи на второто место на табелата, зад Академик.
Во првата четвртина водството се менуваше, на крајот минимално имаше гостинскиот состав (17-19). На одморот беше 35-44. Кон крајот на третата четвртина, Куманово потврди дека овој дуел ќе заврши во негова корист, имсшр плус 18 (42-60), до крајот рутински го приведе натпреварот.
Ливингстон со 24 поени беше прв стрелец, 18 поени имаше Андрејевиќ, зад него беше Робев со 10.