„Кумановски графичари 2021“ во Музеј Неготино

По само три недели од премиерното претставување пред ликовната публика и културната јавност во НУ Центар за култура „ Трајко Прокопиев“, делата на 11-те академски графичари кои ја чинеа биеналната изложба „Кумановски графичари 2021“ тргнаа на пат. Нивната прва станица е Музеј на град Неготино, каде од 17 декември и се до средината на февруари актуелнава година ќе се одржи оваа поставка. А, на неа граѓаните ќе имаат можност да се запознаат со најновата продукција на творци како Зоран Јакимовски, Мирослава Цветковиќ, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Александар Стефановски, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Стефан Анчевски и Дејвид Стоилковски.

Коментари

коментар(и)