Кумановци со закана ограбиле продажен објекти

Две лица од Куманово биле приведени утрово под сомнение дека во продажен објект на улицата „11 Октомври“ во Куманово со закана со остар предмет кон вработената одзеле пари од дневниот промет, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според МВР, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.