Левица Куманово: ЈП Водовод Куманово во последните 3 месеци остварило загуба во своето работење од над 15 милиони денари

На деветта седница на ЈП Водовод Куманово одржана на 01-ви ноември едногласно беше подржано работењето на ЈП Водовод со рекордна загуба во износ од 15.025.075,00денари за само 3 месеци. Единствено поддршка не добија од нашиот член бидејќи беше против вакво работење, велат од Левица Куманово.

-Вакво темпо на работа на ЈП Водовод Куманово е забележано во последните 9 месеци од 2022година поради фактот што претпријатието има остварено загуба од своето работење во износ од 27.792.200,00денари што укажува на сериозноста на овој проблем. Оваа состојба мора да биде регулирана бидејќи ваква пракса во работење на ЈП Водовод Куманово е на штета на жители на град Куманово и не смее да се дозволи да продолжи. Левица Куманово како политичка партија и глас на народот секогаш реагира и дејствува во интерес на граѓаните, го спречува ваквото недомаќинско работење и трошење на пари на граѓаните-се вели во соопштението.