Летна крводарителска акција во Црвен крст Куманово

Црвен крст од Куманово, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, во текот на вчерашниот ден ја организираше летната крводарителска акција во нивните простории.

Акцијата се одржа во периодот од 09 до 15 часот, а својата хуманост ја покажаа 31 крводарител кои што даруваа крв за да спасат нечиј живот.

„Да даруваш крв значи да подариш надеж, љубов и живот. Биди и ти дел од оваа хумана мисија – затоа што твојата крв некаде некому е единствениот лек“, порачуваат од општинската организација на Црвен крст.