Лице од Матејче приведено за издржување затворска казна
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Куманово го лишиле од слобода С.Л.(34 години) од село Матејче, Општина Липково. Тој бил баран по потерница по судска наредба за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 141 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор К’шање за издржување на казната, информира полицијата.