Лишен од слобода жител на Делчево
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.А.(40 години) од Делчево затоа што при преглед во товарно моторно возило „фолксваген крафтер“ со винички регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена стока, која е прогласена за небезбедна од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. По целосно документирање на случајот против А.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.