Ловечка пушка и муниција пронајдени при претрес во Лојане

МВР информира дека викендов полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија и оружје при СВР Куманово лишиле од слобода 53 -годишен жител на село Лојане, липковско. Според МВР, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени една ловечка пушка и 50 куршуми без соодветна дозвола и потребна документација.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)