„Мак-Дам“ организира крводарителска акција

Риболовното здружение „Мак-Дам“ од Куманово, во соработка со општинската организација на Црвен крст Куманово организира крводарителска акција која ќе се одржи во вторник, во просториите на Занаетчискиот дом.

Акцијата ќе почне во 09, а ќе трае до 15 часот.

-Се повикуваат сите граѓани да ја изразат хуманоста и солидарноста преку дарување крв. Вашата крв спасува живот. Крвта е незаменлив лек секојдневно потребна за да се продолжат многу животи. Проверете го вашето здравје, дарувајте мал дел од вашата крв-велат организаторите.