Малолетен мотоциклист од Романовце удрил во пешак

Педесет и шестгодишен пешак е тешко повреден откако малолетник во селото Романовце удрил во него со својот мотоцикл. Според МВР, незгодата се случила вчера на локален пат во селото. Како што додаваат од МВР, во незгодата пешакот А.А. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Куманово.

Увид извршила екипа од СВР Куманово.