Малолетник од скопско Блаце украл мотор на кумановец

Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска еден час по полноќ лишиле од слобода 17 – годишник од с.Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на 52-годишен кумановец, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Според СВР Куманово, мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.