Ученици од техничкото училиште „Наце Буѓони“ учествуваа на 44-та „МАКИНОВА“ и 21-ва „ЕКОНОВА 2023“ кои во организација на Народна техника на Македонија, Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички достигнувања на Македонија (СПАТУМ) и Министерство за образование и наука се одржаа во Берово. Ученици од здравствената и електротехничката струка се претставиле со своите трудови и иновации како и секоја година.
Ученикот Марио Анѓеловиќ од насоката електротехничар за компјутерска техника и автоматика освои 1-во место на Меѓународната изложба за иновации под менторство на професорката Јелена Поп Глигорова.
Милица Стојковиќ од насоката медицинска сестра освои специјална награда, ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ.
Дејвид Трифуноски и Филип Павловски од насоката електротехничар енергетичар освоија пофалници за учество под менторство на професорот Александер Цветков.
Мила Вељановска и Лаура Цватковска од насоката медицинска сестра освоија пофалници за учество, ментор професорката Магдалена Трајановиќ).
Ученичката Анастасија Атанасовска од насоката медицинска сестра освои пофалница за учество- ментор – Ленче Ѓоршевска Анѓеловиќ.