Марихуана и прашкаста материја пронајдени кај кумановец

На 09.03.2021 во 19.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.Т.(52) од Куманово затоа што при преглед кај него била пронајдена марихуана и бела прашкаста материја, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Коментари

коментар(и)