Матичните лекари од општа медицина и гинекологија добија зголемување на капитацискиот бод за 33 проценти, додека за стоматологија покачувањето изнесува 23 отсто.
„Од државниот буџет се обезбедени 550 милиони денари за раст на платите во здравството, посочуваат од Владата. За само 6 месеци, здравствените работници, медицински сестри, технички и административен персонал добија второ покачување од 5 проценти, со што платата на докторите е зголемена за 4.815 денари, додека на медицинските сестри за 6.200 денари. Дополнително, со Буџетот се издвојуваат околу 4.5 милијарди денари за зголемување на капитациониот бод за матичните доктори од општа медицина и гинекологија од 75 на 100 денари или зголемување од 33 проценти, додека за стоматологија од 61 на 75 денари односно зголемување од 23 проценти“, се наведува во соопштението од Владата.