Машко бебе е првото новороденче во Куманово во 2026 година.
Бебето е родено рано утрово на акушерскиот оддел во Општа болница Куманово.
31-годишната родилка Егзона Реџепи денеска ја посети градоначалникот Максим Димитриевски, заедно со директорот на болницата Сашо Стошевски.
Новороденчето е второ дете во семејството Реџепи.