МВР: Лишен од слобода кумановец  – управувал мопед под дејство на алкохол

Министерството за внатршени работи информира дека на 09.04.2025 во 03.30 часот, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово лишиле од слобода 44-годишен жител на село Биљановце, кумановско.

-При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници сопреле мопед „кимко“, кој го управувал, и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 1,73 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило – информира МВР.