Во текот на вчерашниот ден во периодот од 14.00 до 19.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 161 возач. Од нив, 71 на територијата на СВР Тетово, 23 на територија на СВР Битола и во останати градови во државата.