Во текот на вчерашниот ден (25.12.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 383 возачи. Од нив 22 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 198 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 185 надвор од населено место, соопшти МВР.
МВР санкционираше околу 400 возачи
