МВР: Ќе се спроведе контрола, нема да дозволиме притисок

Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот.

МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата, стои во соопштението од полицијата.