Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчеравечер на бензинска пумпа на автопатот Скопје – Куманово, полициски службеници лишиле од слобода 33- годишен државјанин на Турција, бидејќи со возило „шкода“ со косовски регистарски ознаки, превезувал шест лица – мигранти, тројца од Египет и тројца од Алжир.
Според МВР, претходно, на наплатната станица „Романовце“, возачот не застанал на даден знак од полициските службеници, но, по преземени мерки, возилото е пронајдено, а тој е лишен од слобода и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.