Мигрант од Мароко пронајден починат

Дваесет и осумгодишен мигрант од Мароко викендов бил пронајден починат во барака во Транзитниот центар Табановце. Во СВР Куманово било пријавено дека во барака во Транзитен центар Табановце бил пронајден починат М.Б.(28 години), лице мигрант од Мароко, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство, а увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на погребално претпријатие за понатамошна постапка.