Министерот за здравство Арбен Таравари во посета на кумановската болница

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска во 12 часот ќе ја посети Општа болница Куманово.

Како што е најавено, ќе биде промовиран инкубатор за потребите на одделот за неонатологија во болницата.

Инаку, Таравари денеска најави нов проект за намалување на загаденоста на воздухот, кој треба да стапи на сила наредната година.

-Веќе имаме проект кој помина на владина седница и до крајот на идната година треба да се стави во употреба. Се работи кај 10 болници каде што греењето ќе се замени од стандардно со мазут и нафта и ќе бидат вклучени начини на греење кои што нема да го загадуваат воздухот. Се надевам дека проектот ќе помогне многу, изјави министерот.