Минчев: Законското решение за „балансерот“ не е во подготовка

Министерството за јавна администрација не ја коментира времената мерка на Уставниот суд за „балансерот“, законското решение ќе почека додека нема конечна одлука, изјави денеска министерот за јавна администрација, Горан Минчев во Куманово. Тој потенцираше дека лично ја поздравува одлуката на Уставниот суд и повтори дека „балансерот“ со години се злоупотребувал.

„Законот не е во подготовка. Министерството за јавна администрација е носител на овие законски решенија. Се надевам дека во рамки на владината коалиција ќе имаме отворена дебата за она што следи. Било каков повик на протест или дестабилизација на државата за укинување или времена мерка на балансерот, ги осудувам. Сметам дека е дојдено времето и ние како Влада сме спремни за таков исчекор, да направиме сеопфатна реформа во јавната администрација, но таа ќе мора да се базира на знаење, квалитет, на стручност, односно професионалност. Само така можеме како држава да одиме напред, рече Минчев.

Коментари

коментар(и)