Михајловски: Итен, интегриран пристап за решавање на проблемот со пожарите

Напуштање на земјоделското земјиште, намалување на сточарството, лош квалитет на шумите, демографски промени и урбанизација, климатски промени, организациска структура на управување со пожари. Ова се неколку клучни фактори кои на еден и на друг начин се тесно поврзани со сржта на проблемот во управувањето со пожарите, смета м-р Бојан Михајловски, експерт по шумарски науки.

Според него, потребен е итен, интегриран пристап за решавање на овој критичен проблем во Македонија.

За природна обнова на шумите потребни се над педесет години. Најефикасен начин е активното пошумување, сметаат познавачите на шумарските науки.