Мицкоски и Филипче денеска во Крива Паланка

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе изврши увид во градежни активности на државниот пат А2, обиколница „Крива Паланка“. 

ГД „Гранит“ АД Скопје на 11 август годинава информираше дека започнуваат градежните работи за рехабилитација на државниот пат А2, обиколница Крива Паланка, поради што се воведува шестмесечен времен режим на сообраќај.

Денеска во работна посета на Крива Паланка е и претседателот на СДСМ Венко Филипче.