Младинската екипа на атлетски клуб Куманово повторно со трофеи и оваа година на Купот за младинци на Македонија.
Дводневниот натпревар се одржа викендов во Скопје на Арената Филип II. Се одржаа натпревари во машка и женска конкуренција.
Во женска конкуренција кумановки освоија прво место, а во машка второ место.
За успешните резултати најмногу придонесоа Дијана Вукановиќ, Теа Алексовска, Михаил Стошевски, Марио Пешевски и Давид Тасевски.