Мобилна гинеколошка амбуланта од утре во Старо Нагоричане

Општина Старо Нагоричане ги повикува жените да ја искористат можноста за бесплатен гинеколошки преглед во мобилната гинеколошка амбуланта која од утре започнува со работа. Прегледите се наменети за жените од сите населени места во општината, со цел навремена превенција од рак на грлото на матката.

Во рамки на овој превентивен проект, на жените ќе им биде овозможено бесплатно да извршат гинеколошки преглед, вклучувајќи и ПАП тест.

„Ги охрабруваме сите жени, особено оние кои немаат матичен гинеколог, жените од оддалечени и рурални места, како и жените од ранливи категории, да се пријават и да закажат термин за преглед“, велат од општината.

Прегледите ќе ги извршуваат гинеколози од Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство. утреСо организирањето на овие бесплатни прегледи се стремиме да го зголемиме бројот на жени кои редовно вршат скрининг и да ја подигнеме свеста за важноста на раната детекција. Редовните прегледи претставуваат најефикасна заштита од рак на грлото на матката.

Работата на мобилната гинеколошка амбуланта е овозможена со поддршка на Министерството за здравство, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари – МАГО, Црвениот крст на РСМ – ЦКРСМ и Македонското лекарско друштво – МЛД.