Монодрамата „Надежда Петровиќ“ в сабота во Куманово

Монодрамата „Надежда Петровиќ “ во изведба на актерката Биљана Ѓурковиќ в сабота со почеток во 20 часот ќе биде на сцената на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово.

Настанот е во организација на СПОНА.

Биљана Ѓуровиќ е родена на 24.09.1976 година во Аранѓеловац, Србија. Има завршено Академија за уметности во Нови Сад во класа на проф. Петар Баниќевиќ. Играше на театарските сцени ширум Србија, како и на сцените на Народен театар, Зваздара театар, театар „Славија” во Белград, во претставите Вида Огненовиќ, Душан Ковачевиќ, Јиржија Манцла…

За својата уметничка работа е повеќе пати и наградена. Покрај уметноста се бави и со педагогија. Доцент е на Академијата на убави уметности на Универзитетот во Белград и Универзитетот Синергија во Бијељина каде предава Сценски говор и Култура на говорот.

Влезот за монодрамата е бесплатен.

Коментари

коментар(и)