Мургашанска: советничката функција треба да ни е врвен приоритет! (ВИДЕО)

Педесет и втората седница на Советот на Општина Куманово вчера беше прекината бидејќи за оддржување на истата немаше кворум. Затоа, пак, опозициската ВМРО-ДПМНЕ лесно го постигна кворумот за напуштање на седницата, откако приговараше дека нема доволен број советници од владеачката партија. Советничките прашања, што беа на вчерашниот дневен ред, беа најочекуваната точка, покрај другите што опозицијата ги сметаше за важни. Одговорно и посветено, работејќи во интерес на граѓаните, е ваша обврска без оглед од која партија доаѓате на Советот, се обиде да ги поколеба претседателката Мургашанска. Граѓаните умеат да проценат кој доаѓа поради земање паушал и сликање, а кој за да работи, истакна таа. Продолжување на седницата е закажано за во петок, 19ти Февруари, кога ќе се продолжи со расправата од сферата на социјалната заштита, поточно пакетот мерки што ги носи Советот на Општина Куманово заедно со Секторот за социјална работа, за помош на лицата со оштетен вид и слух. Инаку, дел од советниците на позицијата имале претходно најавени отсуства поради здравствени причини, а имало и такви кои постојано имаат поважни обврски од советничките. Советниците, според законската регулатива, можат да се појават на почетокот на седницата и да добијат хонорар и освен етичка, не трпат други санкции. Затоа, Мургашанска планира да влијае врз подзаконската регулатива за присуство, работата и одговорноста на советниците.