Носителот на листата од Коалицијата предводена од СДСМ , Атина Мургашанска и кандидатите за советници , денеска одржаа прес конференција на која беа презентирани дел од мерките опфатени во програмата за локалните избори, наменети за креирање нови работни места.
-Во нашиот план за живот за Куманово планираме повеќе пари за општината, а со тоа и повеќе можности за сите. Ќе вложиме во младите и ќе отвориме центри за отпочнување на развој на бизнисите. Ќе направиме здружување на бизнис заедницата , општината и граѓаните со единствена цел нови и подобро платени работни места“, изјави Атина Мургашанска, носител на листа на советници на СДСМ
Таа додаде дека ќе ја вклучат бизнис заедницата во дефинирањето на приоритетите на општината и ќе воведат бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој.
-Планираме подобрување и создавање услови за развој, инвестирање во индустриската зона, утврдена со урбанистичкиот план во населено место во месноста Речица и Новине преку изработка на проектна документација и реализација на инфраструктурата која ќе овозможи квалитетен пристап и промоција кај потенцијалните инвеститори, изјави Мургашанска.
Нови мерки со кои младите ќе започнат свој сопствен бизнис, изјави Мургашанска.
