ВИДЕО: Наградата „Васил Иљоски“ ќе се додели на 24 септември годинава

Националната установа Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од 2019-та по согласност на семејството на драмскиот писател Васил Иљоски започна да ја доделува наградата со неговото име за особен придонес во културата и актерската игра од областа на комедиографијата на Меѓународниот фестивал „Денови на комедија“ во Куманово.

Годинава лауреат на МФТ „Денови на комедија“, како што веќе објавивме неодамна е актерката Весна Петрушевска. Признанието ќе и биде врачено на свеченото отворање на фестивалот на 24 септември во големата сала на Центарот за култура.