Над четиристотини деца на листата на чекање за градинка во Куманово

124 новозапишани дечиња, а вкупно 1691 дете треба да ја посетува градинката „Ангел Шајче“ годинава, покажуваат последните податоци од јавната детска установа.

„На листата на чекање има над 420 деца, на кои градинката не може да им излезе во пресрет. Првиот проектиран капацитет е 1174, со проширувањето изнесува 1550, но сепак капацитетите не ги задоволуваат потребите на граѓаните за нашата услуга во општина Куманово“, изјави директорката Марина Алексовска.

Таа ги посочи и локациите каде што би можело да се изградат нови градинки, односно веќе постоечки неискористени објекти да се преадаптираат во градинки, но за тоа се потребни огромни финансиски средства кои детската установа не може да ги обезбеди без помош од државата и локалната самоуправа. Според директорката, би можелода се преадаптираат дел од просториите во амбулантите во населбите Перо Чичо и Тоде Мендол, како и касарната во населба Карпош.

-Имаме овие денови поголем притисок од родители на училишни деца, и би кажала дека градинките во нашата држава се, пред се, за згрижување на деца од предучилишна возраст. Согласно законот може да се запишат и деца од училишна возраст од целодневен престој, но тоа може доколку имаме услови. Ние сме единствена детска градинка во Македонија која има 4 групи за деца во целодневен престој. Во тие четири групи веќе има запишани од претходна година 153 деца и сега бројот на запишување на нови деца е многу мал. Има реакции од родителите, доаѓаат тука, но, јас велам дека не е ништо ново, од 2016 година ОУ „Крсте Мисирков“, „Браќа Миладиновци“ и „Вук Караџиќ“ отворија целодневен престој за децата од нивното училиште, а ние како установа носевме храна. Оваа година дојде директорот на „Вук Караџиќ“ сака тоа повторно да го обнови така што во процедура сме и ги повикувам сите основни училишта кои можат да отворат и треба за децата од прво одделение посебно целодневен престој ние сме на располагање и секогаш можеме да им носиме храна.

Проектираниот капацитет е едно, бројот на запишани деца е друго, но ние секоја година бараме согласност за над проектираниот капацитет од страна на Советот врз основа на нашата анализа. Бројот на запишани деца за разлика од бројот на дневно присустни е минимум 30 отсто помалку, а во некои месеци дури и 60 отсто помалку. Затоа можеме да понудиме квалитетна услуга на родителите, за жал на сметка на тие деца од кои причини не доаѓаат во градинка, но дневно не се присутни. Но, како установа имавме проблем за наплата. И затоа од лани се одлучивме да склучуваме на веќе постоечки договори кои беа на неопределено време, да склучуваме анекс секоја година на договор. Имаме големи резутати во поглед на наплатата“, кажа Марина Алексовска, директор на градинката „Ангел Шајче“

Коментари

коментар(и)