Над 650 интервенции реализирала Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на 2025 година. Заменик командирот Борис Станковски информира дека во најголемиот дел од случаите станувало збор за пожари на отворен простор. По потреба, пожарната интервенира и во соседните општини, Липково и Старо Нагоричане.
– Најголем дел беа на отворен простор, околу 370 интервенции имавме на отворен простор, на сообраќајни средства имавме 25 и на објекти имавме 104 интервенции. На овие бројки додаваме и технички интервенции кои изнесуваат вкупно 41 техничка интервенција. Најголема работа имавме во текот на месецот јули каде што имавме вкупно 140 интервенции само во тој месец од кои најголем број стрништа и на отворен простор. Имаше два или три пожари кои траеја два или три дена. Во селото Бељаковце имавме таков голем пожар кој поради лошото време односно имаше многу ветер кој ни ја отежнуваше работата и со тоа и дополнително повеќе денови траеше пожарот. На тие пожари бевме со сите наши капацитети, имавме исто така и на тој пожар соработка и со другите општини, општина Старо Нагоричане, општа Ранковце и пожарот после неколку дена беше Особено во летните периоди, значи јуни, јули и август, најголем дел се пожари на стрништа кои зафаќаат многу голема површина со тоа ја оштетуваат и природата и на нас ни прават дополнителни проблеми, дополнителна работа каде што на некои пожари не можеме да покриеме со една екипа и со едно возило па упатуваме дополнително луѓе и дополнителни возила. Меѓутоа сите пожари се успешно завршени во 2025 година без некои поголеми последици по нашите возила и по нашите луѓе, изјави Борис Станковски, зам.командир на ТППЕ Куманово.