Над 150 казни за кумановските возачи за една седмица

Секторот за внатрешни работи Куманово информира дека во текот на изминатата недела, полициски службеници од СВР Куманово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните прописи, при што на подрачјето на Куманово санкционирани се вкупно 155 возачи.

Како што појаснуваат од полицијата, најголем број од казните, или вкупно 115, биле изречени на возачи кои управувале возило со брзина поголема од пропишаната.

9 санкции се изречени за возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 14 за управување возило без возачка дозвола, 7 за нерегистрирани возила и 10 за не носење зимска опрема.

Сообраќајните контроли, посочува полицијата, продолжуваат и во наредните денови.

– Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Коментари

коментар(и)