Наташа Додевска наградена за невестинска и вечерна фризура во Софија
Наташа Додевска, сопственичката на фризерското студио „Нате“ од Куманово освои две награди на 23-от Меѓународен фестивал на фризури и коса, во Софија, Бугарија.
Наградите се доделени за најдобро изработени невестинска и вечерна фризура. Во силна конкуренција на натпреварувачи од Бугарија, Италија, Русија, Либан, Сирија и други земји, фризурите на Додевска освоија најголем број на бодови од стручното жири.
Наташа втор пат учествува на ова натпреварување и како единствена претставничка од Македонија постигна значаен успех.
„ Наградите се потврда за мојот квалитет во работењето како фризер и како стилист и тие ќе ме мотивираат да работам уште попрофесионално и посветено. Овој викенд за мене е особено среќен, бидејќи и мојот син Јован освои медал на детскиот турнир „Зелен тенис“ во Неготино, изјави Додевска.
Фризерското студио „Нате“ работи веќе 20 години, а препознатливо е по уникатниот начин на работа и креативноста во изработка на фризури. Досега Додевсак учествувала на повеќе меѓународни натпреварувања, а освоила награди во Скопје, во Подгорица, во Софија