На утрешната седница, советниците ќе го прашуваат градоначалникот
Во зградата на поранешен комитет утре ќе се одржи педесет и седмата сединица на Советот на Општина Куманово.
На седницата ќе се дискутира за предлог –одлука за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Куманово, а на дневен ред ќе се најде и нацрт – статутарна одлука за измени и дополнувања на Статутот на општина Куманово.
По двете точки, советниците ќе имаат можност да му постават по две прашања на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Како и претходно и оваа седница ќе имате можност да ја следите во живо на ТВ Плус.