Неколку интервенции на пожарникарите во текот на вчерашниот ден

Екипи на Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на вчерашното деноноќие интервенирале на четири различни локации.

Во кумановските села Брзак и Агино село пожарникарите гаснеле опожарена сува трева и стрниште, а на влезот во населба Перо Чичо интервенирале на дива депонија, каде што бил запален отпад.

На улицата „Доне Божинов“, кај фабриката за пластика Феникс бил пријавен опожарен смет, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.