Неколку илјади граѓани на градскиот плоштад синоќа уживаа во втората концертна вечер по повод ослободувањето на градот Куманово.
Вечерта ја отвори Влатко Лозаноски- Лозано, а потоа следуваа Барди и Алкета од Косово. Вечерта кулминираше со песните на етно- поп дуото од Скопје, Некст Тајм.
Пред кумановци се обрати и градоначалникот Максим Димитриевски кој честитајќи го празникот истакна дека и во претстојниот период ќе продолжат заложбите на локалната самоуправа за обезбедување на сите потребни услови за пристоен и достоинствен живот за граѓаните.
Минатата вечер настапија учесници во проектот „Дајте музика“, Тајзи и Сара Јо од Србија.
