Ненад Димковски се закити со златен медал во Белград

Ненад Димковски член на Кик-Бокс Клуб Куманово 2006 ги оправда очекувањата и се врати со златен медал од Меѓународниот турнир „Трофеј Белград“ кој се одржа од 23 до 25 април. Имено Димковски во финалето се сретна со Едуард Земанко од Клубот „Сенти“ од Србија и го победи и освои златниот медал во сениорска конкуренција во категорија -91 килограми во дисциплината лоу кик.

Ненад покажа храбро срце и достојно го претстави градот и клубот. Ќе продолжиме со тренинзите и јас како тренер му предвидувам успешна натпреварувачка кариера, изјави Сашо Илиевски тренер на Кик бокс и ММА клуб Куманово 2006.

Освен од Македонија, на турнирот учествуваа и натпреварувачи од Србија, и БиХ. На турнирот со македонските натпреварувачи бил и претседателот на КБМА Дејан Митровски Урко, кој како што вели тренерот Илиевски, дал лични заложби за да се постигнат врвни резултати.