Не е пронајден 26-годишниот кумановец кој што е пријавен за исчезнат завчера

26-годишниот кумановец кој што завчера беше пријавен за исчезнат, се уште не е пронајден, информира Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според СВР Куманово, на 13.04.2025 во 14.00 часот во полицијата, Н.М.(55) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.М.(26), кој имал здравствени проблеми.

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицето.