Ние Македонците овде дејствуваме како лек на грчкиот остар национализам
„Преспанскиот договор е позитивен за односите помеѓу двете држави, но не е и не може да биде поврзан со свеста и начинот за тоа што бара македонското малцинство во Грција. За првпат грчки суд јасно и чисто призна македонски јазик со регистрацијата на невладината Центар за македонски јазик. Но, тоа е на локално ниво и во следниот период ќе се знае дали ќе се опстои на таа одлука по поднесените приговори од ултранационалистички движења. Затоа што во Грција за малцинските прашања нема независно судство, да не се лажеме. Решаваат „длабоката грчка држава“ и нејзините органи.“ Ова го вели Павлос Воскопулос Филипов од партијата на Македонците во Грција „Виножито“ во интервјуто за Рес публика, што ИКС го направи во Лерин, Грцијa.
Ние Македонците овде дејствуваме како лек на грчкиот остар национализам